Лионел Меси откри кој е неговиот омилен натпревар што го одигра во кариерата (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси даде одлично интервју за „RAC1“ кое привлече големо внимание од фудбалската јавност.

Меси зборуваше за плановите да ја заврши кариерата во дресот на Барселона, и дека се надева дека ќе игра уште неколку години на голема сцена.

Исто така, Аргентинецот откри кој натпревар му се допадна и сигурно не му било лесно да одбере еден во морето на одличните натпревари што ги играл во дресот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина.

Сепак, Меси без многу дилема рече дека неговиот омилен натпревар се одиграл на „Сантијаго Бернабеу“ во 2011 година во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Потоа Барселона го совлада кралскиот клуб со 2:0, а двата гола ги постигна Меси. Особено импресивен беше вториот гол кога Меси го направи слаломот преку одбраната на Реал и го совлада Касиљас.