Лионел Меси со емотивна порака се прости и најави можен крај!

Лионел Меси со емотивна порака на социјалните мрежи се прости од својот татко Хорхе, кој починал по тешко боледување.
Славниот аргентински фудбалер ја сподели својата длабока болка со јавноста, признавајќи дека му е исклучително тешко да ја прифати загубата на човекот кој му бил најголема поддршка во животот.
Татко му во текот на целата кариера го следел секој негов чекор, извршувајќи ги улогите на ментор, пријател и менаџер, без кого Меси не би ги остварил своите најголеми успеси.
Lionel Messi’s letter for his father. ❤️🩹
Dad, I still can’t believe that you’ve gone. I don’t fall, or rather, I don’t want to fall. It’s very hard for me to imagine that I’m not going to see you anymore, that we’re not going to talk anymore. I know you were suffering and that… pic.twitter.com/ku0n9ofOaO
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 12, 2026
Поради семејната загуба, капитенот на аргентинската репрезентација навести и можност за порано заминување во фудбалска пензија.
Тој истакна дека неговиот татко направил огромни жртви уште од неговите најрани денови, носејќи го на тренинзи и посветувајќи му го секој слободен момент по работата.
„Беше мој татко, мој пријател и мој менаџер, секогаш беше личноста која ми беше потребна во секој момент и никогаш во ништо не погреши“, напиша, меѓу другото, скршениот од болка Меси во својата објава.
И покрај големата загуба, славниот фудбалер порача дека споменот на својот татко ќе го чува преку воспитувањето на своите деца според усвоените животни вредности.
Заминувањето на Хорхе Меси предизвика бран на сочувство низ спортската јавност, која на погоденото семејство му упатува пораки на поддршка.



