Листата на Чави од петмина отпишани : Од голем талент до најголем неуспех во историјата на клубот

Моментот на вистината е се поблиску. Доаѓа јануарскиот преоден рок во кој Чави Ернандез ќе почне да ја гради својата Барселона.
Веќе во јануари ќе почнат да одржуваат ред во соблекувалната и да носат нови засилувања кои ќе бидат квалитетни во вистинска смисла на зборот.
Меѓутоа, за да се донесат засилувања, потребно е да се ослободи простор. Тоа ќе се направи со продажба на играчи кои се вишок според плановите на Чави-
Шпанските медиуми објавија и список од пет играчи кои ќе го напуштат клубот во јануари. Станува збор за Сергино Дест, Јусуф Демир, Лук де Јонг, Филипе Кутињо и Самуел Умтити.
Дест важеше за нов Дани Алвеш по пристигнувањето од Ајакс, но неговиот период на Камп Ноу досега беше разочарувачки и не се вклопува во стилот на Чави. На Камп Ноу заработуваше од 15 до 20 милиони евра.
Демир важеше за голем талент, но проблем е откупната клаузула според која Рапид Виена мора да биде платен 10 милиони евра доколку овој фудбалер забележи десет настапи. Од доаѓањето на Чави има само 72 минути игра.
Лук де Јонг не е типот на напаѓач кој Чави го посакува и тоа е главната причина поради која е вишок и покрај тоа што покажува голема професионалност и желба да се докажува на тренинзите.
Кутињо е најголемиот неуспех во историјата на Барселона, со оглед на неговата инвестиција и профит, неговата плата е 22 милиони, тој е најплатен во тимот, а воопшто не е стартер. Бразилецот во моментов е повеќе проблем отколку решение.
Умтити веќе многумина го сметаат за поранешен играч поради проблемите со повредите, а оваа сезона забележа само еден настап, додека Чави сака да им даде шанса на помладите играчи како Комас и Мармол.



