Connect with us

Фудбал

Лицемерна УЕФА: Финалето во Лигата на шампионите може, финалето од Купот не

По неколку дена шпекулации, вчера пристигна официјална потврда од УЕФА дека финалето на Лигата на шампионите оваа година ќе се одржи во Порто.

Втора година по ред, Истанбул остана без овој голем настан што ќе се одржи во Португалија, а наводно, причината е пандемијата.

За што се работи? Имено, УЕФА изјави дека големото финале ќе се одржи во присуство на публика.

Навивачите на Манчестер Сити и Челзи треба да добијат шест илјади билети за овој натпревар, додека остатокот треба да им припадне на другите неутрални навивачи, како и на спонзорите и лидерите на УЕФА. Англичаните инсистираа финалето да се одржи во нивната земја, но тој предлог беше одбиен.

Не само англиските и турските навивачи се незадоволни од оваа одлука. Финалето на Купот на Португалија, во кое ќе се натпреваруваат Брага и Бенфика, ќе се одржи само шест дена пред последниот натпревар за европски шампион, а присуството на публика е забрането?! Навистина, со право се поставува прашањето како е тоа можно.

Се чини дека куќата на европскиот фудбал уште еднаш донесе одлука водена исклучиво од финансиски причини.

Финалето меѓу Манчестер Сити и Челзи е закажано за 29 мај во 21 часот.

Двете екипи треба да добијат помеѓу 4.500 и 6.000 билети за своите навивачи.