Ливерпул 50 натпревари во низа е непоразен на „Енфилд“

Ливерпул е без пораз 50 последователни натпревари во лигата на „Енфилд“ по нивниот триумф над Волците во неделата.
Екипата на Јурген Клоп стигна до бројката 50 последователни натпревари без пораз на „Енфилд“ во Премиер лигата, по натпреварот со Вулфс 1:0, благодарение на голот постигнат од Садио Мане.
На овие 50 натпревари имаат триумфирано 40 пати, додека нерешено одиграа 10 пати.
Последната загуба на Ливерпул на „Енфилд“ во натпревар во лигата беше во април 2017 година против Кристал Палас.
Но, ова не е најдобриот учинок на Ливерпул досега, бидејќи европскиот шампион забележа 63 последователни домашни натпревари без пораз од 1978 до 1980 година.
Ливерпул исто така е далеку зад рекордот на Челси во овој поглед.
Челзи забележа вкупно 86 последователни натпревари без пораз на „Стемфорд Бриџ“ од 2004 до 2008 година.



