SportM
Фудбал

Ливерпул го испраќа Ориги во Фулам за 15 милиони фунти

Д М6 јан 2019
Ливерпул го испраќа Ориги во Фулам за 15 милиони фунти

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги може да премине во Фулам во зимскиот трансфер прозорец.

Според информации на весникот „Мирор“, интерес кон 23-годишниот Белгиец има од Фулам. Лично менаџерот на „котиџерс“, Клаудио Раниери го побарал во својот состав Ориги, а раководството на клубот е подготвено да плати 15 милиони фунти за трансферот.

Белгискиот репрезентативец пристигна во Ливерпул од Лил во 2014 година, а минатата сезона беше позајмен на Волфсбург. Во оваа кампања Ориги има два натпревари за Ливерпул во Премиер лигата со гол и асистенција.

Само пред еден ден, „црвените“ ги испратија Доминик Соланке и Натаниел Клајн во Борнемут.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.