SportM
Фудбал

Ливерпул го изедначи негативниот рекорд од 1923 година

Д М20 фев 2021
Ливерпул го изедначи негативниот рекорд од 1923 година

Ливерпул е во очајна форма, а денес на „Енфилд“ беше поразен од градскиот ривал Евертон со 2-0.

Евертон на тој начин прв пат славеше на „Енфилд“ од 1999 година, а Ливерпул со нов пораз го израмни негативниот рекорд од 98 години.

Ова беше четврти последователен пораз на домашен терен за тимот на Јирген Клоп, а последен пат му се случи во 1923 година.

Инаку, пред Евертон, поени од „Енфилд“ зедоа Манчестер Сити, Брајтон и Барнли. Последната победа на Ливерпул во Лигата на „Енфилд“ беше во средината на декември минатата година.

Ливерпул во моментов е шести со 40 бода и заостанува 16 бода зад лидерот Манчестер Сити, веројатно става крај на надежите на „црвените“ дека ќе можат да ја одбранат титулата освоена минатата сезона.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.