Connect with us

Фудбал

Ливерпул и Баерн покажаа како се договара работа: Тијаго веќе знае кој број ќе го носи

Ливерпул и Баерн денеска се договорија за трансфер на шпанскиот играч за врска Тијаго Алкантара.

Одличниот 29-годишен играч за врска реши да ги напушти редовите на тимот од Минхен по седум години, и да се приклучи во редовите на уште еден велика со кого претходно имаше договор.

Ливерпул и Баерн долго време преговараа за трансфер на овој фудбалер. На крајот, сè е договорено, па дури се знае и кој број ќе го носи новиот играч за врска на „црвените“.

Тијаго ќе потпише четиригодишен договор со Ливерпул. Баерн веднаш ќе повлече 20 милиони фунти и дополнителни 5 милиони фунти ќе им платат „црвените“ доколку ја освојат Премиер лигата или Лигата на шампионите.

loading...

Шпанецот на дресот ќе го има бројот шест, а овој број го носеше и во Баерн.

Тијаго наскоро ќе отпатува за Англија и ќе потпише договор со актуелниот шампион на Англија.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com