SportM
Фудбал

Ливерпул „изгоре“ во Истанбул, Интер, Реал и Баерн сигурни, голови од синоќешните мечеви (ВИДЕО)

Редакција1 окт 2025
Ливерпул „изгоре“ во Истанбул, Интер, Реал и Баерн сигурни, голови од синоќешните мечеви (ВИДЕО)

Галатасарај синоќа во Истанбул го победи Ливерпул со 1:0 во второто коло од Лигата на шампионите.

Виктор Осимен го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи пенал во 16. минута.

Галатасарај го доби својот прв натпревар во Лигата на шампионите оваа сезона и е на 18-то место со три бода. Ливерпул, со ист број бодови, е на 16. место.

Во третото коло од Лигата на шампионите, Галатасарај ќе биде домаќин на Боде-Глимт на 22 октомври, додека Ливерпул ќе игра против Ајнтрахт Франкфурт истиот ден.

Втори победи забележаа Баерн Минхен (против Пафос 5:1), Интер (над Славија 3:0) и Реал Мадрид (против Каират 5:0) за максимални шест бода по двете стартни кола во елитната фудбалска лига. з








Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.