SportM
Фудбал

Ливерпул лут на Лајпциг!

Д М13 дек 2023
Ливерпул лут на Лајпциг!

Фудбалскиот клуб Ливерпул планира од позајмица да го врати офанзивниот играч за врска Фабио Карваљо од Лајпциг.

Талентираниот фудбалер, со кој клубот потпиша од „Енфилд“ во летото 2022 година, не успеа да го импресионира Јирген Клоп и одлуката беше да замине во Лајпциг на позајмица пред почетокот на актуелната сезона.

Брза лига, напаѓачки фудбал, германската школа на Марко Розе… Сето тоа беше земено предвид при неговиот избор, но Ливерпул не е задоволен од оваа соработка.

Карваљо ретко игра, на теренот за Лајпциг помина вкупно 257 минути, што го прави Ливерпул несреќен и се зборува за негово враќање во Мерсисајд. Тоа може да ги уништи и односите меѓу двата клуба, кои се многу добри бидејќи претходните години често соработуваа. Впрочем, токму од Лајпциг во Ливерпул пристигнаа Наби Кеита, Ибрахима Коната и Доминик Собослај.

Португалецот има 21 година и во Ливерпул пристигна од Фулам за 10.000.000 евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.