SportM
Фудбал

Ливерпул му понуди на Ван Дајк петгодишен договор, платата е зачудувачка!

Д М12 фев 2020
Ливерпул му понуди на Ван Дајк петгодишен договор, платата е зачудувачка!

Ливерпул сакаат да го „вооружат“ најдобриот дефанзивец во светот со долгорочен договор.

Ливерпул се подготвува да му понуди на Вирџил ван Дајк нов петгодишен договор.

Веста ја објави медиумот „Фудбал инсајдер“.

Платата на Ван Дајк ќе се зголеми на 150.000 фунти неделно со бонуси, додека според сегашниот договор тој ќе добие околу 60 милиони евра.

Ван Дајк оваа сезона има одиграно 24 натпревари во Премиер лигата со Ливерпул, постигнувајќи четири гола.

Без сомнение, холандскиот репрезентативец е најдобриот дефанзивец во светот во моментот.

Тој е незадржлив за противниците, а познат е по честите и точни додавања.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.