Ливерпул направи изненадувачки трансфер
Д М9 авг 2020

Англискиот шампион Ливерпул се договори со грчки Олимпијакос за трансфер на левиот бек Костас Цимикас.
Тимот од Пиреја ја прифати понудата од 12 милиони фунти за 24-годишниот дефанзивец, а овој фудбалер ќе го носи дресот на „црвените“ следната сезона.
Официјалната потврда за трансферот се очекува наскоро. Фудбалерот ќе патува за Англија во вторник, каде ќе ги помине сите потребни прегледи и по што ќе потпише договор со „црвените“.
Цимикас е член на Олимпиакос од 2014 година. Тој беше на позајмица во Есбјерг и Вилем, и сигурно никогаш не сонувал да игра за Ливерпул.
Овој фудбалер одигра три натпревари за грчката репрезентација.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



