Ливерпул не е задоволен од распределбата на билетите
Д М24 мај 2019

Финалистот во Лигата на шампиони, Ливерпул не е задоволен од распределбата на билетите за големото финале.
Англискиот клуб добил 16.613 билети за дуелот со Тотенхем кој ќе се одржи во Мадрид на стадионот на Атлетико Мадрид „Ванда Метрополитано“ кој има капацитет од 64 илјади гледачи.
Извршниот директор на Ливерпул, Питер Мур, за дистрибуцијата на билетите ќе разговара со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Финалето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Тотенхем е закажано за 1 јуни со почеток во 21 часот.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



