Connect with us

Фудбал

Ливерпул не сака да ги исполни барањата на Салах

Египетскиот напаѓач, пак, изјави дека не барал доволно пари за да го продолжи договорот

Мохамед Салах пред неколку дена изјави дека не бара луди пари за потпишување на новиот договор.

Сепак, Ливерпул не сака да ги исполни барањата на египетскиот напаѓач.

Ова го објави британскиот медиум „Телеграф“.

Поранешниот фудбалер на Базел, Челзи, Фиорентина и Рома ќе му истече договорот на „Енфилд Роуд“ во 2023 година.

Сепак, „црвените“ се решени да го „оклопат“ со нов долгогодишен договор.

Но, страните сè уште не постигнале договор бидејќи понудата и побарувачката значително се разликуваат една од друга.

Салах денес е еден од најдобрите напаѓачи во европскиот фудбал.

Моментално е ангажиран на Африканскиот куп на нации со репрезентацијата на Египет.

Реклама

Facebook

Реклама