SportM
Фудбал

Ливерпул нема намера да го врати Кутињо, не го сакаат ни во Барса на лето треба да бара нов клуб

Д М24 јан 2020
Ливерпул нема намера да го врати Кутињо, не го сакаат ни во Барса на лето треба да бара нов клуб

Бразилскиот играч од средниот ред ова лето ќе се врати од Баерн Минхен во Барселона.

Филипе Кутињо ги убеди доволно челниците на Баерн Минхен, каде е на позајмица оваа сезона.

Бразилскиот офанзивен играч од средниот ред се очекува да се врати во Барселона ова лето.

Во меѓувреме, во последните денови се шпекулираше дека бразилскиот репрезентативец може да се врати во Ливерпул.

Сепак, „Ел Десмарке“ денес објавија дека европскиот шампион нема намера да го врати поранешниот играч на Интер и Еспањол.

27-годишниот репрезентативец не ги импресионираше доволно на „Алијанц Арена“ и Баерн немаат намера да го купат договорот на играчот на крајот.

Ниту Барселона се чини дека не е заинтересирана да го задржи Кутињо.

Поради ова, Бразилецот во текот на летото треба да бара нов клуб.

За него се шпекулира дека повторно ќе се врати во Премиер лигата, но во друг клуб.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.