Ливерпул по пресврт го совлада Шефилд Јунајтед

Натпреварот од шестото коло во англиската Премиер лига помеѓу Ливерпул и Шефилд заврши со победа на домаќините (2:1).
Интересно, Јирген Клоп уште од првата минута ги имаше Мане, Фирмино, Салах, но и Диего Јота во офанзива, а секако отсуствуваше и тешко повредениот Вирџил ван Дајк. Ливерпул не блескаше денес, но некако сепак успеа да го освои солидниот Шефилд.
Неочекувано, гостите поведоа во 13. минута, кога Фабињо направи пенал, а Берге од 11 метри го совлада Алисон. Мајк Дин најпрво досуди слободен удар на работ од казнениот простор, но ВАР „пресуди“ во корист на Шефилд и досуди пенал.
Домашниот тим успеа да се врати пет минути пред да замине на одмор. Роберто Фирмино ја погоди одбиената топка откако ударот на Мане го одбрани голманот на Шефилд.
Во 63. минута Салах погоди, но ВАР го поништи голот, но набрзо потоа, Јота ја затресе мрежата на гостите со одличен центаршут на Мане и му донесе победа на Ливерпул. Салах имаше зицер до крајот, стори сé што е добро, но погоди статива.
Ливерпул сега е втор со 13 бода, исто како и градскиот ривал Евертон кој е лидер, но има и натпревар помалку.



