Ливерпул се чини дека е проколнат од некој оваа сезона: Мохамед Салах позитивен на КОВИД-19
Д М13 ное 2020

Англискиот шампион Ливерпул се чини дека е прогонуван оваа сезона.
„Црвените“ беа комплетни во ретки игри. Тие имаа проблеми со коронавирусот на почетокот на сезоната, а потоа почнаа да пристигнуваат повреди во кои останаа без Вирџил ван Дајк, Џо Гомез и Трент Александар-Арнолд.
#Breaking .. EFA have confirmed that Mohamed Salah has tested positive for Covid-19
— Amgad Alghonimy (@amgadalghonimy) November 13, 2020
Тоа не е крај на маките на Јирген Клоп. Денес, Мохамед Салах беше позитивен на коронавирус и веројатно нема да биде достапен на следниот натпревар на „црвените“.
Ова е уште еден проблем во серијата за англискиот шампион, кој за среќа ќе се реши многу брзо, но сигурно дека Јирген Клоп не може да биде воопшто среќен.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



