SportM
Фудбал

Ливерпул се ослободи од киксерот: Лорис Кариус има нов клуб!

Д М26 сеп 2020
Ливерпул се ослободи од киксерот: Лорис Кариус има нов клуб!

Лорис Кариус има нов клуб.

Германскиот голман кариерата ќе ја продолжи во редовите на Унион Берлин, со кој се согласи да соработува, и сè е подготвено за неговиот потпис.

Така, Кариус ќе ја прекине соработката со Ливерпул по четири години. Две години помина на позајмица во Бешикташ, а на „Енфилд“ не играше премногу.

Ќе остане запаметен по катастрофалните грешки во финалето од Лигата на шампионите во 2018 година против Реал Мадрид, а познат е и како голман кој важи за голем киксер.

Ќе видиме што ќе добие тимот од Берлин со него, но неговата сага за напуштање на Ливерпул конечно заврши.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.