SportM
Фудбал

Ливерпул се разигра, го совлаа Арсенал

Д М4 апр 2021
Ливерпул се разигра, го совлаа Арсенал

Во дербито на 30.коло од Премиер лигата, Ливерпул го совлада Арсенал со 0:3.

Првото полувреме понуди слаб фудбал, без многу можности.

Стартот на второто полувреме беше сличен и се чинеше дека ова ќе биде игра за заборавање, но потоа „црвените“ полудеа половина час.

Главната улога ја играше Диого Јота.

Португалецот влезе во игра во 61. минута, а мрежата на Арсенал ја погоди во 64 и 82 минута. Трент беше асистент за првиот гол, а Мане за вториот.

Во 68-та минута, Салах на маестрален начин ја затресе мрежата на Арсенал.

„Црвените“ можеа да постигнат уште еден гол, но Лено одбрани две добри шанси и остана 0: 3.

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.