SportM
Фудбал

Лоик Реми ќе се обиде и во Серија А?

Д М29 јун 2020
Лоик Реми ќе се обиде и во Серија А?

Лоик Реми некогаш беше продаден на Англија со одлични игри во дресот на Марсеј. Таму играше за КПР, Њукасл, Кристал Палас и Челзи.

Тој го напушти Челзи како слободен агент во 2017 година и замина во Шпанија каде играше за Лас Палмас и Хетафе пред да се врати во својата татковина и да потпише за Лил.

Во последните две години, 33-годишниот Реми играше за Лил, но долго време е „под радар“. Тој повеќе или помалку играше улога на џокер во Лил, а неговиот договор со овој француски прволигаш наскоро истекува.

И се чини дека после тоа, искусниот напаѓач ќе отпатува за Италија и Серија А.

Имено, италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека пристигнувањето на Реми во Беневенто е всушност сработена зделка, и дека Французинот наскоро ќе помине медицински прегледи и ќе потпише тригодишен договор со повратникот во Серија А.

Патем, Беневенто и официјално ќе се врати во италијанската елита по завршувањето на сезоната во Серија Б, со оглед на тоа дека математички обезбеди влез во првата лига.

Лоик Реми ја започна својата кариера во Лион, а потоа играше за Ленс и Ница, кои го продадоа во Марсеј во 2010 година.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.