Лопетеги го одвојуваа од судијата во тунелот

Тренерот на Севиља, Жулен Лопетеги направи сцена на полувремето против Реал Мадрид.
Поранешниот тренер на „кралевите“ беше поразен со 2:1 во неговиот повратен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, а тешко му паднаа случувањата на теренот.
Така, на полувремето го „истури“ својот гнев на судијата Хуан Мартинез Мунуер. На Севиља му беше поништен гол по фаулот на Немања Гудеља над Едер Милитао, а Лопетеги сметаше дека фаул не постоеше.
Тренерот на Севилја не сакаше да молчи. Тој тргна кон судијата во тунелот и викше:
„Ова е срамота, срамота“, а поголем инцидент спречи спортскиот директор Мончи, кој го смири Лопетеги и го однесе во соблекувалната.
Со овој пораз, Севиља остана на четвртото место со 35 поени, додека Реал е лидер со осум поени повеќе од Севиља.



