SportM
Фудбал

Лорис го напушта Лондон по 11 години и за три пати поголема плата

Д М11 мај 2023
Лорис го напушта Лондон по 11 години и за три пати поголема плата

Уго Лорис најверојатно ќе го напушти Тотенхем по 11 години на чело на лондонскиот клуб.

Според англиските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, но се уште не се знае за кој клуб ќе се работи.

Она што се знае е дека ќе биде договор на две години и многу богат. Во новиот клуб ќе има трикратно од договорот што го имаше во Тотенхем, каде сигурно беше еден од најплатените играчи во тимот.

Иако наскоро ќе наполни 37 години, за него нема пензија. Така, Лорис ќе им се придружи на Кристијано Роналдо и на другите светски ѕвезди, можеби дури и на Лео Меси во Саудиска Арабија.

Лорис е првиот голман на Тотенхем веќе 11 последователни сезони, но договорот му истекува и клубот не му понудил продолжување на соработката, бидејќи очигледно е време за реконструкција. За француската репрезентација одбрани рекордни 145 натпревари.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.