SportM
Фудбал

Лоши вести и за Јунајтед и за „Горди Албион“: Рашфорд ја завршува сезоната!

Д М19 фев 2020
Лоши вести и за Јунајтед и за „Горди Албион“: Рашфорд ја завршува сезоната!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд се здоби со повреда на грбот, и очигледно е многу посериозна отколку што изгледаше на почетокот.

Маркус Рашфорд ќе го пропушти остатокот од сезоната поради големи проблеми со грбот, но не само што Манчестер Јунајтед е во проблем. Има многу малку шанси Англичанецот да се опорави навреме за Евро 2020.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Солскјер, потврди денес дека Рашфорд ќе го пропушти остатокот од сезоната.

„Се надевав дека можеме да сметаме на него оваа сезона, но за жал, прегледите покажаа дека повредата е потешка отколку што првично мислевме. како што стојат работите сега, тој има неколкумесечна пауза. Ако не е доволно подготвен, тој нема ни да оди на Европското првенство“, рече Солскјер.

Ова не се единствените проблеми на Солскјер. Норвежанецот не е задоволен од брзината на закрепнувањето на Пол Погба.

„Пол не е блиску да се врати на тренинзите со тимот. Тоа зависи од него и кога ќе се чувствува подготвен”, рече Солскјер.

Инаку, следниот предизвик е утре пред Солскјер и „црвените ѓаволи“. Домаќинот на Јунајтед ќе биде Клуб Бриж во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лига Европа.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.