SportM
Фудбал

Лоши вести за Гатузо: Кулибали надвор од терените еден месец?

Д М16 дек 2019
Лоши вести за Гатузо: Кулибали надвор од терените еден месец?

Наполи продолжи во саботата со низа слаби резултати кои сега траат многу долго.

Иако Џенаро Гатузо го замени Карло Анчелоти на клупата, имаше ново разочарување за навивачите по поразот од 2:1 од Парма.

Така, Наполи ја прошири својата негативна низа на осум натпревари без победа во Серија А и сега е на 8-то место со 21 поен.

Сепак, играта против Парма беше проследена со нови лоши вести за овој клуб.

Кулибали мораше да го напушти теренот после 5 минути поради повреда, а според последните информации на италијанските медиуми, тој би можел да биде надвор од терените еден месец.

Сенегалецот е стандарден член на првиот тим на Наполи и има одиграно 20 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, па ова ќе биде голем удар за наполитанците.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.