SportM
Фудбал

Лоши вести за Ливерпул: Жота надвор од терените најмалку две недели

Д М24 апр 2024
Лоши вести за Ливерпул: Жота надвор од терените најмалку две недели

Фото: Diogo Jota of Liverpool rues a missed chance during the Premier League match between Fulham and Liverpool at Craven Cottage, London, England on 21 April 2024. Copyright: xCarltonxMyriex 40620177

Лоши вести за Ливерпул – Диого Жота повторно се повреди.

На пет кола до крајот на првенството, среде голема борба за титулата со Арсенал и Манчестер Сити, Јирген Колоп остана без исклучително важен играч.

Иако оваа сезона поради повреди пропушти 19 натпревари и исто толку натпревари беше стартер, Жота постигна 15 гола и намести четири. Неговото влијание врз играта на Ливерпул е големо и важно, но најмалку три од последните пет натпревари на клупата на „црвените“ Клоп ќе се снајде без негова помош.

Некои од головите на Зота беа клучни за тимот од Енфилд да остане во борбата за титулата, меѓу кои и оној од пред неколку дена во победата против Фулам.

Но, токму на тој меч Жота мораше предвреме да го заврши мечот поради нова повреда.

Според првите проценки, Португалецот ќе биде надвор од терените најмалку две недели.

Тоа значи дека Клоп нема да може да смета на него во дуелите со Евертон (среда), Вест Хем и Тотенхем. Доколку имаме среќа и првите проценки се покажат како точни, Зота би можел да се врати на последните натпревари од сезоната.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.