SportM
Фудбал

Ловрен остро ја критикуваше ФИФА за Салах: „Можеби му треба европски пасош?“

Д М18 јан 2022
Ловрен остро ја критикуваше ФИФА за Салах: „Можеби му треба европски пасош?“

Синоќа во Цирих се одржа церемонијата на ФИФА The Best.

Очекувано, Роберт Левандовски е прогласен за најдобар играч на светот, кој има навистина неверојатна сезона во Баерн.

Левандовски успеа да ги победи Мохамед Салах и Лионел Меси кои на крајот имаа помалку гласови од него.

Исто така, ФИФА го избра најдобриот тим за 2021 година, што беше жестоко критикувано од многумина. Формацијата беше 3-3-4 и имавме дури четворица напаѓачи во најдобриот тим на годината, а го немаше Мохамед Салах.

Многумина беа изненадени што Салах не се најде во најдобриот тим на годината бидејќи блесна во дресот на Ливерпул и во годината зад нас.

Затоа на Твитер се огласи неговиот поранешен соиграч Дејан Ловрен, кој жестоко ја критикуваше ФИФА и луѓето кои го избраа овој тим.

„Нема место за Салах во тимот на годината на ФИФА ??? Повторно! Луѓето кои знаат фудбал знаат дека тој заслужува да биде таму. Што друго треба да направи за да биде дел од тој тим? Можеби треба да има европски пасош“, рече Ловрен.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.