Фудбал
Лудило на последниот ден од преодниот рок во Англија: Сити го доведе Донарума

На последниот ден од преодниот рок во Англија владее вистинско лудило на трансфер-пазарот, откако по Ливерпул, големо засилување донесе и Манчестер Сити.
Ливерпул утрово го обезбеди потписот на Александер Исак од Њукасл, а сега Сити во своите редови го доведе Џанлуиџи Донарума, еден од најдобрите голмани во светот.
Имено, Фабрицио Романо со својот познат „Here we go“ објави дека Донарума е нов играч на Сити, во кој доаѓа поради тоа што ова лето сосема неочекувано беше исфрлен од Париз Сен Жермен.
Медицинските прегледи се закажани за попладнево, а потоа Италијанецот официјално ќе биде претставен на „Етихад“.
Донарума ќе потпише долгорочен договор со Сити, а се претпоставува дека отштетата ќе биде помеѓу 30 и 35 милиони евра.
Договорот беше постигнат веднаш откако Сити конечно успеа да го продаде Едерсон, бразилскиот голман за кој долго време се интересираше Галатасарај, но потоа неочекувано го одзеде градскиот ривал Фенербахче.
Фенер ќе плати помеѓу 13 и 14 милиони евра за трансферот на Едерсон од Сити.