SportM
Фудбал

Лудило во кафезот: Борецот го нокаутирал судијата, па противникот (ВИДЕО)

Д М10 апр 2022
Лудило во кафезот: Борецот го нокаутирал судијата, па противникот (ВИДЕО)

ММА судијата Веикус Сварт беше нокаутиран вчера за време на настанот EFC 93 во јужноафриканскиот град Јоханесбург.

Сварт беше судија на мечот меѓу Јохан ван Стаден и Жика Магенгеле, а овој престој во кафезот нема да го памети по добро бидејќи во него беше нокаутиран.

На крајот на првата рунда Сварт влета за да ги раздвои борците кои беа во размена на удари. Магенгел случајно го удри и несреќниот судија заврши на подот.

Натпреварот не можеше да продолжи. Набрзо беше пронајдена замена во октагонот, а Јохан ван Стаден не се снајде најдобро на овој меч бидејќи беше нокаутиран.

Магенгеле дојде до својата четврта победа во кариерата и сите четворица ги доби со нокаут.

Од друга страна, Мартин ван Стаден е многу поискусен во октагонот. Ова беше 32. меч во кариерата и вкупно 12. пораз.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.