Луис де ла Фуенте: Бев сигурен дека Шпанија ќе направи пресврт

Тренерот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го коментираше триумфот над Хрватска (2-1) во натпреварот од Лигата на нациите. „Тие се фантастични фудбалери и никогаш не прекинуваат да се борат. Понекогаш и мене ме изненадуваат, прв сум кој го признава тоа“, изјави тренерот на Шпанија.
Понатаму, Де ла Фуенте изјави: „Во таа тешка атмосфера, успеавме да се издигнеме на потребното ниво. И во второто полувреме, покажавме дека сме подобар тим. Ова е целосно заслужена победа“.
„Токму ваков тип на натпревар очекувавме. Хрватска е голем тим со многу престиж. Мораше да се одржиме на истото ниво со нив и да ги измориме. Во второто полувреме ја контролиравме ситуацијата иако тие создадоа неколку опасни шанси со контранапади, што е нормално. Но, бев сигурен дека ќе направиме пресврт во натпреварот“, рече тој.
„Микел Мерино е еден од најдобрите на светот на неговата позиција. Тој ги има квалитетите да игра за секој тим и, секако, може да игра на секој натпревар. Тој одлично ги разбира моментите на натпреварот. Го има тој талент за постигнување голови, дури и важни голови. Ние навистина ја цениме посветеноста што тој секогаш ја покажува“, изјави де ла Фуенте.



