Луис Енрике: Да имаше уште три или четири пенали, Рамос ќе ги изведеше
Д М15 ное 2020

Серхио Рамос ќе го памети 177. настап во дресот на Шпанија по два промашени пенали.
На натпреварот од Лигата на нации, Јан Сомер „однесе“ два удари од белата точка до искусниот стопер. На крајот заврши 1:1.
Во изјавата по натпреварот, тренерот на Црвената фурија, Луис Енрике не сакаше да го критикува својот капитен.
“Не би било фер да се критикува Серхио Рамос. Да имаше три, четири или повеќе пенали, тој ќе ги изведеше сите”, рече Енрике.
“Имаме список на изведувачи на пенали и Рамос е прв. Тој би го изведувал секој додека е на теренот”, рече шпанскиот тренер.
Инаку, до синоќешното промашување, Серхио Рамос успешно реализираше 25 пенали по ред.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



