SportM
Фудбал

Лука Модриќ за Украина: „Пораснав за време на војната, а сега сакам …“

Д М28 фев 2022
Лука Модриќ за Украина: „Пораснав за време на војната, а сега сакам …“

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ објави емотивна порака на социјалните мрежи по повод немилите настани и војната во Украина.

Во 90-тите години на Балканот се водеше жестока војна во повеќе земји, додека битки се водеа и во Хрватска. Лука Модриќ, еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот и најдобриот фудбалер што го има Хрватска, добро знае што значи војна и затоа жали за настаните во Украина, која се уште е под руска агресија.

Модриќ имаше само седум години кога изби балканската војна. Во таа војна го загуби дедо му.

“Имав силна врска со него. Татко ми ме именуваше по него”, рекол Модриќ, чиј семеен дом изгорел, а татко му работел како механичар во ХВО, додека малиот Лука тогаш почнал да сонува еден ден да стане фудбалер.

“Пораснав за време на војната и никому не го сакам тоа. Мораме да престанеме со овие глупости кои убиваат невини луѓе. Сакаме само да живееме во мир”, изјави играчот за врска на славниот Реал Мадрид.

Не се знае кога и како ќе заврши војната во Украина. Според последните извештаи, претставниците на руските и украинските власти треба да се сретнат во наредните часови за да постигнат консензус.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.