Connect with us

Фудбал

Лукаку го оствари сонот, конечно го запознал Адријано: „Би постигнале 70 гола заедно“ (ВИДЕО)

Интер ги воодушеви своите фанови вечерва бидејки на Инстаграм во живо разговараа Ромелу Лукаку и Адријано.

Лукаку во моментов е најдобриот играч на Интер и се прероди во клубот откако пристигна од Манчестер Јунајтед ова лето. Тој вечерва преку Инстаграм зборуваше со поранешниот играч на овој клуб, Адријано, кој секако е добро познато име.

Адријано ги помина најдобрите денови во кариерата во Интер, а од него се очекуваше уште многу, но поради проблеми со излегувањето и пиењето, тоа никогаш не се случи.

Ромелу со воодушевување зборуваше со Адријано и тој на почетокот призна дека е негов идол.

loading...

„Ова е сон што се оствари за мене. Ти си мојот идол уште од времето кога си направил одлични работи во Интер и Бразил. Замисли си дека играме заедно овде сега, па би постигнале 70 голови по сезона. Мило ми е што продолжувам каде застанавте “, рече Лукаку, а тогаш се вклучи Адриано.

„Драго ми е што го избра Интер затоа што имаше одлични напаѓачи за овој клуб и ти сте еден од нив. Се сеќавам на моето деби кога навистина бев нервозен бидејќи сонот ми се оствари кога истрчав на „Меаца“. Знам дека погледнав повеќе кон навивачите отколку кон топката“.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com