Лукаку или Велбек: Статистиката е немилосрдна

Со оглед на минутите потрошени на теренот и головите, играчот на Арсенал има голема предност во однос на првата можност за напаѓање на Жозе Мурињо.
Неколку партии под просек оваа сезона и само четири постигнати гола, го примораа Жозе Мурињо, Лукаку да го остави на клупата пред неделниот натпревар против Евертон кој се одигра на Олд Трафорд, кој заврши 2:1 за „Црвените Ѓаволи“.
Изненадувачките податоци дојдоа од медиумите на островот, кои неговата статистика оваа сезона ја споредуваа со Дани Велбек.
Имено, Велбек постигна 5 гола во “само” 467 минути, додека Лукаку на 1103 минути 4 гола.
Ова е уште поинтересен факт за Лукаку, сметајќи дека Дани Велбек е трета опција на Унаи Емери, покрај Лаказет и Обамејанг.
Danny Welbeck this season:
⏱ 467 minutes
⚽️ 5 goalsRomelu Lukaku this season:
⏱ 1103 minutes
⚽️ 4 goals pic.twitter.com/KGm0HGCfc7— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) October 26, 2018



