Connect with us

Фудбал

Лукас Васкез доби понуда што не се одбива

Лукас Васкез доби богата понуда од Катар и сериозно размислува да ја прифати.

Крилниот напаѓач го замоли клубот, кој му понуди богат договор, да му даде неколку дена за да се преиспита, а Реал Мадрид објави дека нема да му направат проблем доколку одлучи да ја прифати.

Лукас беше во плановите на Зинедин Зидан. Сепак, Французинот разбира дека на клубот му требаат пари, а наводно тие би можеле да добијат прилично добра бројка во овој трансфер.

29-годишниот фудбалер се поврзуваше со Наполи и Тотенхем. Сепак, конкретна понуда од овие клубови не дојде и Васкез остана во Мадрид.

loading...

Сепак, катарскиот тим очигледно испратил понуда што никој друг ја нема и ќе видиме дали на крајот ќе ја прифатат.

Договорот на Реал со Васкез истекува следното лето.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com