SportM
Фудбал

Мадридските медиуми ја докрајчија ѕвездата на Реал во заминување: Не сметаат дека ја освои Лигата на шампионите!

Д М29 мај 2022
Мадридските медиуми ја докрајчија ѕвездата на Реал во заминување: Не сметаат дека ја освои Лигата на шампионите!

Соблекувалната на Реал Мадрид ќе остане без неколку свои долгогодишни членови. Три големи ѕвезди ги напуштаат Кралевите после многу години.

Покрај Марсело, Герет Бејл ќе го остави и играчот на Реал, Иско Аларакон, кој пред неколку години беше еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Кога Зинедин Зидан седеше на клупата на Кралевите, Иско беше навистина брилијантен, особено во сезоните кога се освојуваа три последователни ЛШ, а потоа следуваше и слободен пад.

30-годишниот фудбалер оваа сезона ја заврши настрана со само 17 настапи во сите натпреварувања, но сепак заминува со Лигата на шампионите и титулата шампион на Шпанија.

Иско е во групата играчи кои со Реал Мадрид пет пати ја освоиле Лигата на шампионите. Покрај него, тука се и Герет Бејл, Карим Бензема, Дани Карвахал, Марсело, Лука Модриќ и Начо

Интересно е што иако освои медал и го крена трофејот во раце, мадридските медиуми не го сметаат Иско од освојување на петтата ЛШ. Причината е што тој не одигра ниту минута во ова натпреварување оваа сезона.

„Иско, сепак, без разлика што е играч на Реал, не му се смета освојувањето на Лигата на шампионите бидејќи не одигра ниту една минута“, вели угледниот AS , весник кој традиционално е во корист на популарните Лос Бланкос.

Шпанецот во Реал пристигна пред девет години од Малага, а според досегашните најави негова нова дестинација би требало да биде Бетис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isco Alarcon Suarez (@iscoalarcon)

Инаку, од првата славна генерација на Реал Мадрид има шест играчи со титула европски првак и тоа: Алфредо ди Стефано, Хектор Риал, Хозе Марија Зарага, Маркос Алонсо, Рафаел Лесмес и Хуанито Алонсо.

По пет титули имаат и поранешните играчи на Милан, Паоло Малдини и Алесандро Костакурта и Кристијано Роналдо, кој освои четири со Реал и една со Манчестер Јунајтед.

Во групата има многу играчи со четири медали од Лигата на шампионите, но посебно признание заслужуваат двајца играчи кои успеале со три различни клубови. Кларенс Сидорф ја освои Лигата на шампионите со Милан (2), Ајакс и Реал, а Самуел Ето со Барселона (2), Реал и Интер.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.