Маестрален потег на Реал со Лука Модриќ: Вака се третира вистинска легенда

Лука Модриќ со години е еден од најдобрите фудбалери во светот.
Сега веќе легендарниот хрватски играч за врска наскоро ќе го прослави својот 37-ми роденден, но и покрај тоа се уште е главен човек во средниот ред на кралскиот клуб.
Сепак, Лука во новата сезона нема да биде на теренот толку често како во претходните сезони. Реал му подготвил посебен план според кој ќе биде поштеден од непотребни напори.
Со Модриќ ќе се постапува многу внимателно. Нема да игра на натпревари кои не се премногу важни, на теренот има достојни замени, а исто така ќе ја напушти играта порано во случај одредени натпревари да бидат решени резултатски.
На овој потег во Мадрид се одлучија поради годините на Лука, но и поради тоа што во претходните две сезони одигра дури 103 натпревари.
Во Реал не сакаат Модриќ да заработи тешка повреда во последната сезона на клубот. Сакаат тој да се збогува целосно здрав и да биде најдобро кога му е најпотребно во неговата година во клубот.
Хрватскиот играч за врска пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2012 година. Тој дојде од Тотенхем и во Реал стана еден од најдобрите фудбалери во светот.
Со кралевите освои апсолутно се. Меѓу трофеите е и Златната топка, а одигра 436 натпревари и постигна 31 гол.



