Connect with us

Фудбал

Магична ноќ во Молдавија, Шериф го совлада Шахтар

Големо изненадување на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите.

Во првиот натпревар од групата Д, Шериф Тираспол на домашен терен го совлада Шахтар ​​од Доњецк и ја напиша историјата на молдавскиот фудбал, можеме да кажеме спорт.

Ова е прва победа на молдавски клуб во групната фаза од Лигата на шампионите и секако една од најголемите победи гледајќи го молдавскиот фудбалски клуб и репрезентацијата воопшто.

Шериф поведе со одличниот гол на Траоре од 1-0 во 16-та минута, асистент беше Кристијано.

Кристијано одигра одличен натпревар и повторно беше асистент во 62. минута, овој пат мрежата на Рударите од Доњецк ја затресе Јансане.

Немаше голови до крајот на натпреварот и Шериф постигна големи три бода во една магична ноќ за молдавскиот фудбал, додека Шахтар ​​направи огромен чекор наназад кога е во прашање борбата за презимување во Европа, со оглед на тоа што Реал Мадрид и Интер се во оваа група.

Facebook