Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Магичниот гол на Левандовски, Баерн остана максимален и по студениот Киев

Фудбалерите на Баерн го совладаа Динамо во Киев со 2:1 во натпреварот од петтото коло од групата Е, што значи дека германскиот шампион е на врвот со максимален ефект од пет победи и има гол-разлика 19:3.

Баерн уште порано обезбеди нокаут фаза, но сепак бркаше победа во снежниот Киев.

Ноќта ја одбележа мајсторијата на Роберт Левандовски, кој во 14. минута погоди спектакуларно со ножички за 0:1, а на 2:0 зголеми Кингсли Коман со силен удар во 42. минута.

Во продолжение Украинците намалија преку Гармаш во 70. минута, но не успеаја целосно да се вратат во мечот, па останаа на еден бод и се последниот тим во групата Е.

Вториот натпревар во групата го играат Барселона и Бенфика од 21 часот, а тој натпревар е многу важен бидејќи е директна борба за второто место и премин во нокаут фазата.

Реклама

Facebook

Реклама