Мајката на Килијан Мбапе ги шокираше сите: Преговараме, работите одат многу добро

Килијан Мбапе постојано се поврзува со заминување од ПСЖ.
Самиот млад напаѓач потврди за РМЦ дека побарал да си замине минатото лето, но на крајот немаше ништо од трансферот во Реал Мадрид, што тој очајно го посакуваше.
Мбапе остана во ПСЖ, што го врзува со договор до летото следната година, и сите се убедени дека ќе го напушти клубот.
Неговата мајка Фајза Ламари денеска го шокираше фудбалскиот свет со изјавата дека нејзиниот син преговара за продолжување на соработката со ПСЖ.
View this post on Instagram
Таа за „Le Parisien“ рече:
“Во моментов сме во фаза на преговори со ПСЖ за нов договор и работите се одвиваат многу добро. Го видов Леонард во понеделникот. Ќе најдеме решение, но едно е сигурно – Килијан ќе направи се за да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ“, рече Фајза и додаде:
View this post on Instagram
„Килијан мора да биде среќен, но со него се може да се промени преку ноќ“, рече мајката на големиот фудбалер.
Ќе има многу повеќе приказни за Мбапе во следните месеци и останува да видиме што конечно ќе одлучи 22-годишниот фудбалер.



