Connect with us

Ракомет

Македонија освои бод против Турција: Јована Мицевска херој на натпреварот

На третата натпреварувачка вечер од Европското првенство во ракомет за жени, кое се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија, ЕХФ ги објави најдобрите потези. Македонската репрезентација, која игра во Дебрецин, вчера по 16 години освои бод на континенталните натпреварувања.

Во натпреварот против Турција, кој заврши 25-25, противникот имаше шанса од слободен удар да дојде до победа, но голманката Јована Мицевска со одлична интервенција го спречи тоа.