SportM
Фудбал

Македонија поразена од Израел

Д М23 окт 2018
Македонија поразена од Израел

Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години го претрпе и вториот пораз во првата фаза од квалификациите за пласман на ЕП 2019.

Избраниците на Марио Вујовиќ денеска загубија од Израел со 1:4 (1:0) на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

Македонија поведе со голот на Бехар Фета во 33 минута, а пресвртот дојде во вториот дел, кога гостите преку Харуш (52 минута), Габај од пенал (55), и двапати Торгеман (77, 79) ја покажаа својата класа.

По денешниот пораз, „црвено-жолтите“ ги загубија шансите за второто место во квалификациската група, кое носи во елитната фаза од квалификациите за ЕП. На табелата водат Шпанија и Израел со по шест бодови и веќе обезбедија пласман во елитната рунда квалификации за ЕП.

Последниот натпревар Македонија го игра на 26 октомври против Фарските Острови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.