Македонија У-21 поразена од Србија
Д М7 сеп 2018

Македонската репрезентација за фудбалери до 21 година загуби со 2:1 на гостувањето кај Србија во квалификациите за пласман на ЕП 2019 во Италија.
Домаќините во 28-та минута дојдоа до водство со гол од пенал кој го реализираше Иван Шапоњиќ, а за Македонија израмни Тихомир Костадинов во 64-та минута. Србија до победата стигна во 80-та минута преку Филип Ступаревиќ.
На овој натпревар официјално дебитираше новиот селектор Добринко Илиевски, а Македонија со овој пораз останува на дното со само три освоени бода. Следниот натпревар Македонија го игра против Ерменија во вторник во Скопје.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



