SportM
Ракомет

Македонија вечерва против Романија на ЕП, еве ги математиките за следната рунда!

E R20 јан 2026
Македонија вечерва против Романија на ЕП, еве ги математиките за следната рунда!

Македонската ракометна репрезентација, вечерва, од 18 часот, ќе го има последниот натпревар од првата групна фаза на Европско првенство 2026. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Романија.

Правдата ќе ја делат словенечките судии Давид Сок и Бојан Лах.

Македонците со победа ќе ги зачуваат шансите за пласман во втората фаза. Потребен е триумф со што поголема гол разлика, а исто таков епилог ќе треба да има и на средбата меѓу Данска и Португалија.

Во пресрет на средбите од третото коло во Б-групата, Данска е прва со четири бода, Португалија е втора со три бода и гол разлика +6, Македонија е трета со еден бод и -12, а Романија е последна без освоен бод.

Во следната фаза ќе одат двете првопласирани, но и третото место е од големо значење за добивање полесен противник во жрепката за Светското првенство 2027.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.