Македонија, заедно со Србија и Словенија сакаат организација на Европско првенство!

Единаесет национални федерации изразија свој интерес за организирање на Европско првенство на ЕХФ во машка и женска конкуренција за 2034 година. Рокот за пријавување заврши во средата.
Ракометната федерација на Македонија заедно со федерациите на Србија и Словенија ќе имаат заедничка кандидатура за шампионат во машка конкуренција, а меѓу државите кои се во конкуренција се: Австрија, Хрватска, Данска, Луксембург, Холандија, Шведска и Турција.
Машкото првенство е планирано да се одржи од 10 до 29 јануари 2034 година, а женското првенство од 28 ноември до 17 декември 2034 година.
Според предвидениот распоред, федерациите имаат рок до 1 март 2027 година да поднесат официјална кандидатура, а потоа кандидатурите ќе бидат оценети, а одлуката за домаќините на Европските првенства на ЕХФ во 2034 година ќе ја донесе Конгресот на ЕХФ, кој ќе се одржи на 18 септември 2027 година во Љубљана, Словенија.



