SportM
Фудбал

Македононија У21 поразена од Србија во евроквалификациите

Д М24 мар 2022
Македононија У21 поразена од Србија во евроквалификациите

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вечерва загуби од Србија на гостувањето во Белград, со 2-1 (1-0) во рамки на седмото коло од квалификациската групата Х за пласман на Европското првенство 2023.

Србија имаше одличен старт на натпреварот под водство на новиот селектор Горан Стевановиќ и поведе веќе во деветтата минута преку Милош Пантовиќ.

Македонските фудбалери настојуваа да дојдат до израмнување на резултатот, но се најдоа во нови проблеми во 67, минута, кога поради два жолти картони беше исклучен Бесир Исени.

Србија ја валоризираше предноста од фудбалер во 82. минута преку Немања Јовиќ, а избраниците на селекторот Драган Канатларовски иако веќе во следниот напад ја намалија предноста на домаќините со голот на Бојан Димовски, сепак, немаа сили до крајот да извлечат бод од гостувањето во Белград.

Македонската репрезентација со овој пораз остана на шест бодови и сега е четвртопласирана во групата пред следниот дуел во вторник во Скопје против Фарски острови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.