Македонската футсал репрезентација одигра нерешено против БиХ
Д М25 сеп 2019

Македонската футсал-репрезентација вчера одигра 3:3 против Босна и Херцеговина на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран во Бихаќ.
Нашата репрезентација два пати се враќаше од негатива од еден гол, а сепак беше поблизу до триумф откако Мицевски погоди за водство на Македонија од 3:2 во 35. минута. Домашната селекција успеа да израмни во следната минута за конечни 3:3.
Покрај двата гола на Мицевски, за „црвено-жолтите“ погоди и Де Соуса.
Од 17 часот попладнево во салата „Луке“ во Бихаќ, двете репрезентации ќе го одиграат и вториот пријателски натпревар.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



