SportM
Други

Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер (ВИДЕО)

Редакција28 јул 2025
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер (ВИДЕО)

Македонскиот боксерски судија Стефан Цубалевски беше нападнат од страна на азербејџански тренер за време на финалето на Европско младинско првенство кое се одржа во Златибор, Србија.

Инцидентот (во видеото на 3:32.00) се случи вчера во финалето до 75 килограми во кое боксуваа Виктор Мајсторовиќ од Србија и Јусуф Агакишијев од Азербејџан.

Тренерот на Агакишијев незадоволен од судењето, прво вербално го нападна Цубалевски, а потоа во втората рунда влезе во рингот и почна да го дави.

Мечот беше прекинат, Азербејџанецот д0би службен пораз, а Србинот го освои златото.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.