SportM
Фудбал

Македонски фудбалер позитивен на коронавирус

Д М21 мај 2020
Македонски фудбалер позитивен на коронавирус

Фудбалерот Изаир Емини е првиот македонски фудбалер кој е позитивен на коронавирус. Триесет и четири годишниот тетовец кој сега настапува за клубот Дрита на Косово, оваа информација ја објави на својот Фејсбук профил.

Подоцна и клубот ја потврди веста на својот профил на социјалната мрежа и го повика здравствените власти на Косово да продолжат со тестирањата на сите фудбалери и на фудбалските работници за да не се доведе во ризик целата заедница.

Во објавата на клубот Дрита се наведува дека играчот немал симптоми и дека се чувствува добро.

Емини кој досега бил дел од клубовите Ренова и Шкендија, а од лани настапува во косовското првенство.

Извор: 360stepeni.mk

 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.