SportM
Други

Maкедонски каратист стана светски универзитетски шампион!

Редакција12 јун 2026
Maкедонски каратист стана светски универзитетски шампион!

Македонскиот репрезентативец Вукашин Јовановиќ постигна историски успех, освојувајќи го златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија.

Во финалната борба во категоријата до 67 килограми, Јовановиќ се соочи со Белгиецот Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата светски универзитетски шампион.

Патот до златото Јовановиќ го трасираше со серија убедливи настапи. Во групната фаза ги победи Мартин Асерето од Чиле со 7-0 и Сирапат Чимвонг од Тајланд со 3-0, додека против Иранецот Хосеин Вафа ремизираше 5-5. Како второпласиран во групата се пласираше во елиминациската рунда, во која со убедливи 8-0 го совлада Кабело Заморан Шоте од Шпанија, а во полуфиналето беше поуспешен од Вафа и оствари победа од 8-4 за пласман во финалето.

Златниот медал на Јовановиќ е четврто одличје за Македонија на Светската универзијада во Бразилија, откако претходно Стефан Стојановиќ освои бронза во категоријата над 84 килограми, машката кумите репрезентација стигна до сребрен медал, а женската кумите селекција освои бронза.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.