Македонски талент на само 15 години потпиша професионален договор со Црвена Звезда (ФОТО)
Редакција21 мај 2025

Лука Трпевски, македонски фудбалски талент, на свои само 15 години потпиша професионален договор со најтрофејниот српски клуб Црвена Звезда. Лука е роден во Скопје, но веќе извесен период е во Белград, каде што игра за пионерската селекција на „Црвено-белите“. Во текот на вчерашниот ден, во друштво на претседателот – Светозар Мијаиловиќ и директорот на Младинската школа – Никола Јелиќ, младата ѕвезда Лука Трпевски потпиша професионален договор. Талентираниот напаѓач е роден во 2010 година во Скопје.

Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



